Дома Фудбал Останато Нова повреда на Нејмар – ПСЖ стравува!

Нова повреда на Нејмар – ПСЖ стравува!

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар нема среќа со повредите во изминатите две години и денес доживеа нова повреда на пријателскиот меч против Нигерија.

Нејмар се најде во стартниот состав на Бразил, но веќе во 12-та минута мораше да го напушти теренот поради повреда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Нејмар се пожали на болка во бутниот мускул на левата нога и сам побара замена на почетокот на мечот.

Бразилецот веднаш ќе се упати во Франција каде ќе му бидат направени детални прегледи, па ќе се знае колку време точно ќе отсуствува од терените.

Додека ПСЖ стравува за својата ѕвезда, бразилските медиуми тврдат дека сигурно ќе биде надвор од терените неколку недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барди: Од Кардиф научивме лекција, Данска има слабости!

Иако зад себе има бројни значајни натпревари во дресот на Македонија, капитенот Енис Барди…