Дома Фудбал Италија Нова победа на Интер, само реми за Мурињо🎥

Нова победа на Интер, само реми за Мурињо🎥

Интер продолжува со одличните резултати и годината ја заврши со седма победа во низа, откако со минимални 1:0 го победи Торино.

„Нероаѕурите“ на овој меч не доминираа како во претходните и потешко од очекуваното дојдоа до победа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Интер на почетокот тргна одлично, но Торино спорадично се закануваше во неколку наврати.

Моментот на одлука се случи во 30-та минута, кога Дамфрис постигна гол од работ на шеснаесетникот.

Рома не успеа да слави против Сампдорија иако доминираше во текот на целиот меч. Шомуродов ја доведе „волчицата“ во водство во 70-та минута, но Габиадини израмни на 1:1.

Со идентични 1:1 заврши дуелот помеѓу Верона и Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еве колку чини апаратот кој Роналдо го користи за закрепнување од повреда

Кристијано Роналдо престојува во Мадрид за да се опорави од повреда на мускулот на десната…