Дома Фудбал Останато Нова опција: Славниот француски клуб го носи Тиери Анри на клупата?

Нова опција: Славниот француски клуб го носи Тиери Анри на клупата?

Португалскиот тренер, Леонардо Жардим е блиску до отказ во тимот на Монако.

Спротивно на сите очекувања, Монако игра катастрофален фудбал на почетокот на сезоната и во овој момент се наоѓа на 18-тата позиција во Лига 1 со само шест освоени бодови после девет кола.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако Жардим изминатите неколку сезони одлично го водеше тимот, сега изгледа дојде време за разделба бидејќи резултатите се навистина катастрофални.

Како што пренесува „ЕСПН“ главен кандидат за негов наследник е поранешниот напаѓач на овој клуб Тиери Анри. Анри до пред неколку месеци беше член на стручниот штаб на репрезентацијата на Белгија, но одлучи да започне самостоен тренерски ангажман.

Откако се поврзуваше со клупата на Астон Вила сега на ред дојде и Монако, опција која изгледа реално. Споменатиот извор наведува дека се би требало да биде завршено во текот на репрезентативната пауа.

Ќе потсетиме, Анри во текот на летото беше пред превземање на Бордо, но подоцна претседателот на овој клуб откри дека Французинот барал гаранција за сума за засилувања која клубот не можел да му ја гарантира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…