Дома Фудбал Нова голема зделка на Реал! Флорентино Перез го донесе играчот што го посакува половина Европа: „Тој е авион!“

Нова голема зделка на Реал! Флорентино Перез го донесе играчот што го посакува половина Европа: „Тој е авион!“

Една од причините зошто Реал Мадрид со години е на врвот на европскиот и светскиот фудбал е тоа што размислувам за иднината. Навреме носи млади и перспективни играчи и на тој начин создава предност пред конкуренцијата.

Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез одобрил уште еден трансфер на млад играч. Реал Мадрид овојпат мислеше на голманските позиции и го доведе еден од најбараните голмани во Европа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неговото име е Илија Волошин и е еден од најперспективните голмани, се издвојува по младоста (17 години), физичката градба (2,02 метри) и тоа што половина Европа прашува за неговата моментална ситуација.

Како што обично се случува, Реал Мадрид тргна пред сите да го ангажира играчот кој настапува за шпанскиот нисколигаш Рајо Мајадахонда.

Трансферот ќе биде официјализиран во среда бидејќи треба да се отстранат некои бирократски пречки.

Украинскиот голман ќе потпише договор со кој ќе остане во Реал Мадрид во следните три години и ќе се приклучи на младиот тим на Лос Бланкос оваа недела.

Волошин се истакнува со својата игра во воздухот, благодарение на висината од повеќе од два метри. „Тој е авион“, изјавија скаутите на Реал за Maрка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…