Бурна сезона е зад Јувентус во Италија, а како што стојат работите по вторпат на „старата дама“ ќе и бидат одземени бодови. На Јувентус прво му беа одземени 15 бодови, па истите му се вратија.
Враќањето на бодовите како што беше најавено во претходната одлука беше привремена, а не конечна. Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ) ја прифати жалбата на Јувентус, но откако вчера беа објавени детали за нивната одлука стана јасно дека многу веројатно Јувентус го чека нова казна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во образложението се потенцира дека Јувентус поставувал нереални цени на трансферите и така добивал предност во однос на финансиските резултати. Јувентус инсистираше на тоа дека не постои реална цена за еден фудбалер кога двата клуба ќе се согласат дека таа е реална.
Федерацијата како доказ ги користи сумите пресметани на порталот „Трансфермаркт“ и најверојатно тоа ќе биде доволно за казна.
Најавите се дека на Јувентус ќе му бидат одземени девет бода со кои според актуелната ситуација на табелата би испаднал од топ четири затоа што „бјанконерите“ имаат предност од пет бода во однос на Милан кој е петти.
Казната федерацијата ќе ја соопшти во најмногу од рок од 30 дена и тоа значи дека ќе биде позната пред крајот на првенството.