Лео Меси и Антонела се горди родители на две синчиња, а сега, со една семејна фотка објавена на Инстаграм, ја откриваат својата мала тајна.
Меси и Антонела повторно ќе станат родители, чекајќи го нивнот трето дете за кое претпоставките дека е на пат почнаа да се шират уште во август. Сега, на тие шушкања им дојде крајот и тие со фотка ја потврдија бременоста на Инстаграм.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Семејство од пет члена“, напиша Антонела покрај фотката на која позира со славниот фудбалер и нивните два сина кои ги држат рацете на нејзиниот стомак.
Лео и Антонела се венчаа оваа година, а заедно се во врска уште од млади години. На нивната венчавка имаше околу 260 гости, а јавноста Меси ја воодушеви со неговата молба до гостите наместо да им купуваат подароци, да уплатат пари на сметката од неговата хуманитарна организација за помош на деца.