Дома Фудбал Англија Нов проблем за Јунајтед: Заврши сезоната и за Варан!

Нов проблем за Јунајтед: Заврши сезоната и за Варан!

Oткако Тен Хаг остана без Лисандро Мартинез до крајот на сезоната, сега за Манчестер Јунајтед стигна уште една лоша вест. Сезоната е завршена и за Рафаел Варан.

Варан како што стојат работите нема да биде подготвен да се врати пред крајот на сезоната по повредата која ја заработи во четвртфиналниот натпревар против Севиља во Лигата на Европа.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


По спаднување на отокот и направените снимки проценето е дека за опоравување на Французинот му се потребни шест недели што значи Тен Хаг нема да го има на располагање во завршницата од сезоната.

Без Мартинез и Варан, Тен Хаг ќе има сериозен проблем во одбраната, посебно и поради критиките кои ги добива Хари Мегваер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ајнтрахт Франкфурт со парична казна од половина милион евра

Спортскиот суд на Германскиот фудбалски сојуз (DFB) го казни Ајнтрахт Франкфурт со 440.250…