Дома Фудбал Репрезентации Нов проблем за Франција – заврши сезоната за Лукас Ернандез!

Нов проблем за Франција – заврши сезоната за Лукас Ернандез!

Франција дефинитивно е репрезентацијата која има најмногу проблеми со повреди на Светското првенство, а последен отпадна Лукас Ернандез кој се повреди на вчерашниот натпревар против Австралија.

Ернандез го стартуваше натпреварот помеѓу Франција и Австралија, а само после десет минути игра беше заменет.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Утрово Франција потврди дека фудбалерот на Баерн Минхен се заработил скинати лигаменти и за него не само Светското првенство, туку и сезоната е завршена.

Во редовите на Франција за време на подготовките отпаднаа Бензема и Нкуку, претходно поради повреда помеѓу повиканите не се најдоа Канте, Погба, Мањан и Кимпембе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вакво нешто не му се случило досега: Мбапе промаши празен гол! (Видео)

Килијан Мбапе во денешното реми на Реал Мадрид со Рајо Ваљекано (1-1) го имаше можеби и на…