Барселона запиша пораз во првото коло на гостувањето кај Атлетик Билбао со 1:0, а во тој натпревар поради повреда не настапи Лионел Меси.
Осман Дембеле го започна натпреварот на местото на Аргентинецот, но наредниот натпревар сигурно нема да го започне. Имено, Барселона објави дека на Французинот му е дијагностицирано истегнување на задната ложа од левата нога и дека надвор од теренот ќе биде неколку неделу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонскиот тим така во 2-то коло на „Камп Ноу“ ќе биде дополнително ослабен во натпреварот против Бетис, a првите прогнози се дека Дембеле ќе биде отсутен пет недели.
Дембеле во јуни се опорави од повредата на задната ложа која ја заработи на почетокот на мај, а минатата сезона два пати беше надвор о теренот поради повреди на мускулот и зглобот.
Французинот во Барселона пристигна во 2017 година и ова ќе му биде шеста повреда од тогаш.
Ако се знае и дека Суарез заработи повреда за натпреварот против Бетис Валверде скоро и да нема решенија. Повредени се Меси, Суарез и Дембеле, а клубот го напуштија Кутињо и Малком.
❗@Dembouz, cinco semanas de baja
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) August 19, 2019
Más detalles ? https://t.co/x3v8JLebCH pic.twitter.com/7r7gtDCnLI