Барселона доживеа нов неуспех. Десет дена откако беа поразени од Реал (4:1) во финалето на шпанскиот Суперкуп, беа елиминирани од Атлетик Билбао во четвртфиналето на Кралскиот куп со 4:2 по продолженијата.
Со тоа се продолжи со серијата лоши резултати сезонава. Бранителот на титулата во Ла Лига има осум бода помалку од лидерот Џирона и седум помалку од второпласираниот Реал по 20 првенствени натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Баскијците поведоа во 1. минута со голот на Горка Гурузета, но Барселона направи пресврт преку Роберт Левандовски во 26. минута и Ламине Јамал во 32. минута.
Сансет му донесе израмнување на Атлетик во 49. минута, а регуларниот дел заврши 2:2.
Тоа значеше дека ќе се играат продолженија, а во нив Барселона беше поразена од браќата Вилијамс.
Во 107. минута Инаки му донесе ново водство на Атлетик, а во последната минута од второто продолжение Нико ги постигна конечните 4:2.