Изминатата вечер со натпреварот помеѓу Бразил и Колумбија заврши групната фаза на Копа Америка, а двете селекции ремизираа со резултат 1:1.
Натпреварот беше обележан со две големи судиски грешки во кои се оштетија двете репрезентации. За среќа овие грешки не влијаеа на конечниот распоред на табелата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поведе Бразил со голот на Рафиња во 12. минута, а седум минути судиите од ВАР собата направија вистински циркус. Имено, тие одлучија да го поништат голот на Девисон Санчез по уфрлувањето од слободен удар, но при анализата на ситуацијата може да се види дека цртале целосно погрешно линија.
😳📺 El LÍO en el VAR del Brasil-Colombia:
— MARCA (@marca) July 3, 2024
El gol, anulado por fuera de juego, lo marcó Davinson Sánchez (23). Sin embargo, desde el videoarbitraje se trazó la línea sobre Jhon Córdoba (24)#CopaAmérica pic.twitter.com/Qrx5LMXEcL
Судиите гледале каде се наоѓа ногата на Џон Кордоба, место на Санчез кој беше на стрелец. Кордоба беше во недозволена позиција и затоа голот се поништи.
Но, Колумбија дојде до изедначување во судиското продолжение од првиот дел кога на асистенција на Кордоба погоди Давид Муноз.
Неколку минути пред таа ситуација, ВАР собата уште еднаш потфрли бидејќи со судиска одлука сега се оштети Бразил. Винисиус беше срушен во казнетиот простор, меѓутоа иако пеналот беше очигледен реакција немаше.
🚨PENALTY OR NO PENALTY?pic.twitter.com/Y4OeWh0puh
— SimplyGoal (@SimplyGoal) July 3, 2024
И ова е веќе втор натпревар со големи грешки на ВАР претходно Американците кои се елиминирани беа бесни на одлука на судијата во мечот против Уругвај.