Дома Трансфер зона Ништо од трансфер: Погба размислува за нов договор со Јунајтед

Ништо од трансфер: Погба размислува за нов договор со Јунајтед

Пол Погба иако беше на излезна врата од „Олд Трафорд“, сега е спремен да побара потпише ног договор со Манчестер Јунајтед, тврди „ЕСПН“.

Французинот во последните месеци беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и Јувентус, но овие клубови не се спремни да ја платат отштетата која ја бара Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Погба има договор до 2021 година, влегува во последната година, па неговата иднина мора да биде решена ова лето.

Манчестер Јунајтед се наоѓа во добра серија од 15 меча без пораз, притоа е многу блиску до пласман во Топ 4. „Црвените ѓаволи“ во јануари го донесоа Бруно Фернандеш кој со Погба направи одличен тандем на средината од теренот.

Поради тоа Французинот е спремен да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“, а во следните месеци Јунајтед ќе седне на преговарачка маса со неговиот агент Мино Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…