Дома Останати Тенис Ништо од најавите дека ќе го запре Ѓоковиќ: Алкараз елиминиран од Австралија Опен!

Ништо од најавите дека ќе го запре Ѓоковиќ: Алкараз елиминиран од Австралија Опен!

Александар Зверев одигра фантастичен меч и го елиминираше Карлос Алкараз со 3:1 (6:1, 6:3, 6:7, 6:4) во сетови во денешното четвртфинале на Австралија Опен.

Во Мелбурн Алкараз допатува полн со самодоверба и најавуваше дека ќе го запре Ѓоковиќ во походот кон 11. титула на Австралија Опен. Сепак, вториот светски рекет не стигна ниту до полуфиналето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зверев од самиот почеток денеска играше одлично, посебно му функционираше неговиот сервис, па Шпанецот освои само еден гем. Заигра нешто подобро Алкараз во вториот сет, а сигурно ќе жали за пропуштената брејк можност при 2:3 во гејмови. Успеа Зверев да израмни на 3:3, но и ги освои дополнителните три гема за 6:3 и 2:0 во сетови.

Алкараз не се откажа, па во третиот сет видовме по еден брејк, додека сетот го освои Алкараз во тај-брејк со 2:7.

Четвртиот сет започна со два брејка и беше израмент до 4:4, тогаш следуваа неколку грешки од шпанскиот ас. Зверев тоа знаеше како да го искористи и го освои сетот за победа во мечот.

Во полуфиналето Зверев ќе се сретне со Данил Медведев, второто полуфинале е помеѓу Ѓоковиќ и Синер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…