Приоритет на Диего Симеоне во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Диего Коста на лето готово сигурно ќе си замине, а Симеоне како негова замена го сака напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако доаѓањето на Едисон Кавани се сметаше за сигурно, сепак има проблеми околу договорот на Уругваецот.
Поради тоа „јорганџиите“ се насочиле кон Милик и веќе започнале преговори со неговиот агент.
Милик ова лето најверојатно ќе го напушти Наполи откако одби продолжување на договорот, а за него интерес покажува уште и Јувентус.
Сепак, Наполи преферира да го продаде на клуб надвор од Серија А, па поради тоа Атлетико моментално е во пол-позиција за неговиот потпис.