Дома Фудбал Останато Ништо од заминување, Нејмар бара нов договор од ПСЖ

Ништо од заминување, Нејмар бара нов договор од ПСЖ

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар конечно се премисли за напуштање на Париз и сака да остане во клубот, пренесува „Ле Паризиен“.

Актуелниот договор на Нејмар со ПСЖ трае до јуни 2022 година, а Бразилецот се надева дека наскоро клуот ќе му понуди нов долгорочен договор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Весникот „АС“ исто така пишува дека нема ништо од неговото враќање во Барселона, Нејмар ја прифатил реалноста и сака да остане во ПСЖ.

Французите се уште не започнале преговори со Нејмар за продолжување на договорот, бидејќи сметаат дека тоа не е приоритет во моментов.

Нејмар годишно заработува 31 милион евра, па „светците“ не сакаат да му понудат покачување на платата, но сакаат да го задржат уште долго во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Пукна љубовта“ со Ал Итихад: Бензема се враќа во Европа?

Карим Бензема (38) е подготвен да го напушти Ал Итихад на крајот на сезоната како слободен…