Дома Фудбал Италија Ништо од враќањето: Антонио Касано сака да биде спортски директор

Ништо од враќањето: Антонио Касано сака да биде спортски директор

Иако и самиот Антонио Касано најавуваше дека оваа сезона би можел да се врати на фудбалските терени од тоа изгледа нема да има ништо, бидејќи овој 36 годишник запчна курс за добивање на лиценца за спортски директор.

Касано не игра професионален фудбал веќе две години, имаше најави дека ќе се врати но сега изгледа е јасно дека неговата кариера е завршена.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Имено, Фудбалскиот сојуз на Италија ја објави листата на запишани за курсот за спортски директори, а на таа листа се најде името и на славниот напаѓач.

Освен Касано, на листата се наоѓаат уште неколку поранешни фудбалери како Кристиан Закардо и поранешниот голман Морган Де Сантис.

Ќе потсетиме, Касано во последно време најмногу се поврзуваше со новиот клуб на Марко Бориело, шпанскиот третолигаш, Ибица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпански „АС“: Модриќ му понуди на Реал три предлози за да остане

Лука Модриќ овој викенд последен пат ќе игра пред навивачите на Реал Мадрид. Иако ќе биде …