Дома Македонски спорт Ништо од бронза: Македонија поразена од Србија

Ништо од бронза: Македонија поразена од Србија

Србија славеше со 34-29 против Македонија во битката за бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Македонските ракометари имаа солиден настап, но сепак тоа не беше доволно за да се закитат со медал, иако во првото полувреме имаше водство од 8-5, но веднаш потоа почнаа грешките.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Грешките скапо ја чинеа Македонија, која на полувреме замина со негатива од два гола (13-15), а кризата продолжи и во вториот дел кога Србите избегаа на пет гола предност и со толку триумфираа на крајот.

За златниот медал на Игрите во Оран ќе се борат Шпанија и Египет од 17.30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…