Дома Трансфер зона Ништо не му помогна „бегањето“: Дортмунд ја одби Барселона

Ништо не му помогна „бегањето“: Дортмунд ја одби Барселона

Младиот напаѓач на Борусија, Осман Дембеле го напушти утринава тренингот на Борусија Дортмунд за да го заврши трансферот во Барселона.

Овој 20-годишен фудбалер самоволно ја напушти екипата, утринава не тренираше, а од раководството не знаеја каде се наоѓа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Набрзо, француските медиуми јавија дека Дембеле е во Париз каде чека тимот да му даде зелено светло за заминување во Барселона.

Сепак, германскиот великан денес објави дека биле оддржани преговори со каталонскиот тим околу евентуалниот трансфер, но дека договор не е постигнат.

„Клубот оддржа разговори со Барселона околу потенцијалниот трансфер на Осман Дембеле во овој тим. Во текот на состанокот, претставниците на Барселона дадоа понуда која не им одговара на вистинските вредности на играчите и останатите економски вредности на денешниот пазар. Одлучивме понудата да ја одбиеме. Не постои друга понута и засега Дембеле останува наш играч“, беше соопштено од страна на клубот.

Дембеле така засега ќе остане без трансфер во редовите на шпанскиот великан и раководството на тимот очекува негово враќање на тренинзите со „Милионерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…