Марио Балотели во наредните денови ќе добие отказ од екипата на Ница.
Италијанскиот напаѓач овој јануари ќе го напушти клубот, а како слободен играч ќе го засили Марсеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скај Италија тврди дека раководството на Ница донело одлука за негово отпуштање, а 28. годишниот напаѓач нема да ја менува лигата и ќе потпише договор со еден од најголемите француски клубови.
Италијанецот претходната сезона одигра одлично во овој тим. Постигна 26 погодоци на 38 натпревари и во текот на летото ја продолжи соработката за уште една година.
Сепак, оваа сезона застана. Во 10 одиграни натпревари не направи апсолутно ништо, а тренерот Патрик Виеира го отпиша од сите комбинации.
Балотели по кој знае кој пат ќе добие нова шанса во кариерата, а новиот клуб Марсеј ќе се обиде да го извади најдоброто од него.
Балотели во кариерата покрај Ница настапуваше уште и за Милан, Ливерпул, Манчестер Сити и Интер.