Дома Трансфер зона Никој не сака да плати колку што Јувентус бара, Пјаниќ останува во Торино

Никој не сака да плати колку што Јувентус бара, Пјаниќ останува во Торино

pjanic

Oвие денови во италијанските медиуми многу се пишува за иднината на еден од најважните фудбалери на Јувентус, Миралем Пјаниќ.

Пјаниќ се поврзуваше со трансфер во Барселона, Челзи и Манчестер Сити. Сепак, денес „Кориере дело Спорт“ пренесува дека од тој трансфер нема да има ништо бидејќи никој од наведените три клуба не сака да плати 100 милиони евра, но освен тоа и фудбалерот не инсистира на трансфер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Споменатиот извор пренесува дека Јувентус после завршувањето на преодниот рок ќе му понуди нов договор на Пјаниќ со важност до 2022 година и според кој би требало да заработува околу седум милиони евра по сезона, односно два повеќе од сегашните пет.

Пјаниќ во овој момент е со Јувентус на припремите во САД.

„Немам што да кажам за трансферот, секогаш постојат такви гласини, јас сум сконцентиран само на тренингот. Останатото не зависи од мене“, порача Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…