Иако сите во Ливерпул зборуваат само за евентуалниот трансфер на Кутињо во Барселона, уште еден играч на „црвените“ е на чекор од трансфер во друг клуб.
Имено, „Скај Спорт“ пренесува дека Емре Чан веќе ја договорил соработката со Јувентус и на крајот на сезоната ќе се пресели во Торино како слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус со овој трансфер само уште еднаш потврдува дека има одлична трансфер политика. „Старата дама“ од 2009 година до сега потполно бесплатно ги донесе: Фабио Канаваро, Андреа Пирло, Пол Погба, Квинсли Коман, Сами Кедира и Дани Алвеш.
Доаѓањето на Емре Чан е само уште еден во низата на одлични трансфери на „бјанконерите“.
Players Juventus have signed on a free:
✅ 2009: Fabio Cannavaro
✅ 2011: Andrea Pirlo
✅ 2012: Paul Pogba
✅ 2013: Fernando Llorente
✅ 2014: Kingsley Coman
✅ 2015: Sami Khedira
✅ 2016: Dani Alves
✅ 2018: Emre Can— Worldwide Transfers (@Ww_transfers) January 5, 2018