Maнчестер Сити денес го одигра натпреварот против Вотфорд и на оваа средба изгледа дека „граѓаните“ „истурија“ целиот свој бес после поразот од Норвич во минатото коло.
Денес Сити победи со огромни 8:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Катастрофата на Вотфорд се најави уште во првата минута кога Давид Силва погоди после асистенција од Де Брујн. Веќе во седмата Агуеро од пенал зголеми на 2:0. За 3:0 се погрижи Ријад Марез во 12-тата, а три минути подоцна Бернардо Силва стрелаше за 4:0. За високи 5:0 на полувремето се погрижи Отаменди во 18-тата.
Со овие пет гола Манчестер Сити стана тимот кој најбрзо постигнал пет гола во историјата на Премиер лигата.
Голеадата продолжи на самото отварање на вториот дел, а стрелец на голот беше Бернардо Силва. Десетина минути подоцна Силва стигна и до својот трет гол.
Конечните 8:0 ги постави Кевин Де Брујн на пет минути пред истекот на регуларните 90.
Oва беше најголемата победа во историјата на Манчестер Сити во Премиер лигата, а рекорд постави и Серхио Агуеро.
Имено, Агуеро стана првиот фудбалер кој во Премиер лигата постигнал барем по еден гол во првите шест кола во најсилната конкуренција на Осторвот.