Мбаје Нианг го напушти Торино и ќе се врати во Франција каде во следната сезона ќе го носи дресот на Рен.
Нианг се сели во Рен на едногодишна позајмица, но францускиот клуб ќе има можност да го откупи напаѓачот по крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зенит и Локомотив Москва, исто така покажаа интерес за 23-годишниот фудбалер, но тој одбра да се врати во Франција, каде што играше за Каен и Монпеље.
Нианг беше сопственост на Милан, но „росонерите“ постојано го отстапуваа. Минатото лето Синиша Михајловиќ го купи Сенегалецот во Торино, но кај новиот тренер Валтер Мацари тој не успеа да се избори за место во стартниот состав.
Напаѓачот беше дел од тимот на Сенегал на Светското првенство во 2018 година, каде што покажа одлични перформанси.