Дома Фудбал Останато Нејмар се огласи: Тежок ден, две многу лоши вести…

Нејмар се огласи: Тежок ден, две многу лоши вести…

Нејмар нема баш најдобра 2023 година, претходно заработи тешка повреда, а вчера се соочи со семејна драма која за среќа помина без некои поголеми последици.

Неодамна беа киднапирани родителите на Колумбиецот, Луис Дијаз, таткото на фудбалерот се уште е во заложниство, а вчера имало обид да се киднапираат девојката и ќерката на Нејмар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бразилецот за лошата вест се огласи преку Инстаграм и го потврди немилиот настан, но откри и дека починала негова блиска пријателка.

„Тажен ден со две многу лоши вести. Прво имаше напад во куќата на родителите на Бруна, но благодарение на Бога, се мина во најдобар ред. Второ, ми почина добра пријателка….. Моите чувства се со нејзиното семејство. Бог нека ја прими Луана со отворени раце“, објави Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ужас пред дербито: Ѕид се урна врз навивачите – има загинати и повредени (Видео)

Едно лице загина, а 47 беа повредени за време на собирањето на навивачите на јужната триби…