Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар имаше интересен настап пред медиумите после вчерашниот дуел против Манчестер Јунајтед.
Бразилскиот фудбалер јавно искажа желба повторно да игра со Лионел Меси, а неговите зборови ќе бидат причина одново да се поврзува со Барселона. Меѓутоа, изгледа дека Нејмар сега сака Лео да дојде во ПСЖ бидејќи на Аргентинецот му завршува договорот на крајот на оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Она што најмногу сакам е да заиграм со Меси, повторно да уживам со него на теренот. Желба ми е да играм со него веќе од наредната сезона“, изјави Нејмар.
И Леандро Паредес, соиграчот на Меси од репрезентацијата испрати порака дека сака да го види Меси во Париз.
„Го чекаме со раширени раце“, порача Паредес.
Меси минатото лето направи голема сага околу заминувањето од Барселона. Аргентинецот побара трансфер, сепак клубот не му дозволи, а тој не сакаше целата работа да заврши на суд. Во меѓувреме Бартомеу кој беше негов најголем проблем го напушти клубот, па сега постои опција Меси и да го продолжи договорот.