Дома Фудбал Останато Нејмар: Нема да престанам со забавите, бидејќи ќе експлодирам

Нејмар: Нема да престанам со забавите, бидејќи ќе експлодирам

Ѕвездата на Пари Сент Жемен, Нејмар даде опширно интервју за француските медиуми каде меѓу другото зборуваше и за честите забави кои ги прави.

Нејмар неодамна беше критикуван за забавата која ја направи во Бразил бидејќи наводно ги прекршил протоколите.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Тоа е многу чуствителна тема, бидејќи на кого не му се допаѓаат забави? Сите сакаат да се забавуваат, да излегуваат со пријатели и да бидат со блиските. Знам кога можам да организирам забава, а кога не, иако луѓето мислат дека сум незрел. Ако сум 100% концентриран со мислите на фудбалот, ќе експлодирам, и затоа никогаш нема да престанам со забавите“, изјави Нејмар.

Бразилецот призна дека сега е многу среќен во Париз.

„Работите се променија, многу сум среќен во Париз. Сега сум поадаптирам во клубот и сум среќен. Сакам да останам во ПСЖ и очекувам Мбапе да остана исто така. Сакаме да направиме големи нешта во ПСЖ“, додаде Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА ги одреди судиите за натпреварот Македонија – Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го игра натпреварот против Летонија во ра…