Дома Фудбал Останато Нејмар не е среќен во ПСЖ, тоа најдобро го покажува овој договор со клубот

Нејмар не е среќен во ПСЖ, тоа најдобро го покажува овој договор со клубот

nejmar

Бразилскиот фудбалер Нејмар пред година дена стана најскап играч на сите времиња кога од Барселона се пресели од ПСЖ за 222 милиони евра.

Нејмар по четири многу добри сезони одлучи да ја напушти Барса што ја изненади фудбалската јавност. Понудата од Парижаните не можеше да ја одбие и таму си замина само за да излезе од сенката на Меси и Роналдо. Сепак, тоа не му оди добро и се повеќе се зборува дека е несреќен во францускиот клуб.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Веќе неколку недели се шпекулираше за тоа дека Нејмар веќе на крајот од оваа сезона би можел да ја напушти ПСЖ и да се врати во Барселона. Француските медиуми објавија дека Нејмар направил договор со ПСЖ да го пуштат на крајот од оваа сезона за сума од 200 милиони евра.

Желбата на Нејмар е да се врати во Барселона каде што беше навикнат на животот, но доколку Каталонците не изразат желба да го купат од ПСЖ, тогаш Бразилецот најверојатно ќе го засили Реал Мадрид. Едно е сигурно, а тоа е дека не очекуваат многу возбудувања кога станува збор за судбината на најскапиот играч во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо откри кога планира да ја заврши кариерата

Кристијано Роналдо нема да игра за Португалија во натпреварот против Хрватска откако доби …