Дома Фудбал Останато „Нејмар е само едно разгалено детиште“

„Нејмар е само едно разгалено детиште“

Поранешниот напаѓач на Бразил, Валтер Касагранде ја критикуваше најголемата ѕвезда на бразилскиот фудбал во моментов – Нејмар.

Повод за острите критики беше лошата игра на Нејмар против Реал Мадрид во натпревар од осминафиналето од Лигата на шампиони.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Против Реал доби жолт картон уште на почетокот, а можеше многу лесно да заработи и втор. Само замислете тоа да го направи и на Светското првенство, тоа би било катастрофа“, изјави 54-годишниот Касагранде.

„Се зборува дека ПСЖ може да го продаде бидејќи не се согласува со Кавани. Создадовме чудовиште, а проблем е што многумина го сметаат за гениј. Тој нема квалитет како Меси, Марадона или Роналдо. Нејмар е само едно големо разгалено детиште“, додаде поранешниот бразилски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ракитиќ се пензионира на крај на сезоната!?

Иван Ракитиќ ќе го заврши своето фудбалско патување по натпреварот на Хајдук против Шибени…