Дома Топ вести Нејмар донесе одлука: На лето го напушта ПСЖ!

Нејмар донесе одлука: На лето го напушта ПСЖ!

Деновите на Нејмар во Париз изгледа дека се одброени, бидјеќи Бразилецот донел одлука да го напушти ПСЖ во летниот преоден рок.

Најскапиот фудбалер на светот, кој оваа сезона одигра 27 меча и постигна 22 гола, многу е нервозен во последно време, што резултираше и со испадот во финалето од Купот, за што доби и суспензија од три меча.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Притоа, француските медиуми тврдат и дека неговите односи со останатите играчи во соблекувалната се нарушени, па Бразилецот донел одлука да ја промени средината ова лето.

Нејмар во неколку наврати истакна дека ќе остане во ПСЖ, бидејќи знаеше дека ниту еден клуб нема да му понуди плата од 37 милиони евра колку што заработува во Париз. Сепак, после елиминацијата во Лигата на шампиони и лошите односи во соблекувалната се предомислил и донел одлука да го напушти клубот.

шпански медиуми пред една недела објавија дека во јуни 2020 година, во договорот на Нејмар ќе се активира откупна клаузула од 120 милиони евра. Поради тоа од ПСЖ немаат ништо против да го продадат ова лето бидејќи сметаат дека ќе заработат повеќе.

Најсериозен кандидат за неговиот потпис и понатаму останува Реал Мадрид, но останува да видиме колку се спремни „кралевите“ да понудат за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…