Во овој момент најскапиот фудбалер во светот, Нејмар вчера одигра фантастичен натпревар против српска Црвена Звезда во кој постигна хет-трик (6:1).
Како и што самиот изјави после натпреварот, Нејмар вчера го одигра најдобриот натпревар оваа сезона, а успеа да изедначи и достигнување на Кристиано Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Два од трите погодоци на Нејмар беа ремек дела од слободен удар и голманот на Звезда немаше апсолутно никакви шанси да ги одбрани. Со ваквиот учинок Бразилецот се изедначи со Роналдо кој во 2009 година беше последен фудбалер во Лигата на шампионите кој постигнал два гола од слободен удар на еден натпревар.
Со овој погодок Нејмар се доближи и до Рикардо Кака во трката за најефикасен Бразилец на европската сцена. Кака на своето конто има 30 погодоци, додека Нејмар е зад него со гол помалку и извесно е дека набрзо ќе избие на првата позиција.
2 – Neymar ?? is the first player to score two direct free-kicks in a Champions League game since Cristiano Ronaldo v Zürich in September 2009. Specialist.#PSGFKCZ pic.twitter.com/jkFl4plkIf
— OptaJean ⭐⭐ (@OptaJean) October 3, 2018
https://www.youtube.com/watch?v=YpblMpCIk3w