Самиот поглед на табелата во шкотското првенство ќе ви покраже нешто чудно.
Прв е Хеартс, втор Ренџерс, трет Хиберниан…На прв поглед можеби ќе помислите дека станува збор за грешка, но погледнете ли подоле на табелата ќе го видите и Селтик и тоа на за овој клуб мизерното шесто место со шест бодови помалку од лидерто Хеартс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако ви кажеме дека Селтик во последните две сезони имаше вкупно четири првенствени порази, а оваа сезона веќе има два јасно е дека нешто не е во ред со славниот тим од Шкотска.
Тимот на Брендан Роџерс е навикнат да освојува трофеи во Шкотска, посебно во периодот кога Ренџерс играше во пониските лиги, Селтик е шампион на Шкотска во последните седум години.
Оваа сезона постигнаа само шест погодоци во шест кола, единствената светла точка во досегашниот дел е победата над Ренџерс од 1:0 во дербито. Потоа следуваше реми со Ст. Мирен и пораз од Климрок во минатото коло за најслаб старт на клубот во последните 20 години.
Најверојатно причината за ваквиот лош старт е продажбата на двајцата најдобри играчи во клубот. Играчот за врска Стуарт Армстронг (Саутемотон, 8 милиони евра) и Муса Дембеле (Лион, 22 милиони евра).
Иако заработија 30 милиони скоро и да не се засилија. Дембеле е заменет со Одсон Едуардо кој минатата сезона беше на позајмица, а сега е откупен за 11 милиони евра, а дојдоа уште Беноковиќ и Аразани на позајмица како и Изагире и Мулумба без оштета. Не пристигна ниту едно вистинско засилување, Едуард добро играше минатата година во квалификациите за ЛШ, но не е ниту блиску до Дембеле.