Од Апенините пристигнуваат ексклузивни полноќни вести – Диего Коста е на само чекор од Милан.
Добро информираниот, Скај Спорт пренесува вечерва дека агентот Жорж Мендеш го завршува големиот трансфер во Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите како што се наведува се во завршна фаза, но се уште не се знае дали Коста ќе замине на позајмица, па подоцна во јануари ќе премине во Атлетико, што беше дадена опција во изминативе недели.
Челси пак, сака моментално да се откаже од Коста и директно да го продаде во Милан, но прашањето е дали ќе се најде заеднички јазик кога е во прашање обештетата.
Антонио Конте не сака да ја дочека зимата, туку сега сака да и стави крај на сагата и да го тргне Шпанецот од платениот и играчки список.
Од друга страна, јасно е дека Милан би добил уште едно пеколно засилување, 11. по ред и исто така сака да го добие Коста само за себе, односно да го задржи и по јануари.
Но судејќи ппо се, многу наскоро ќе го добиеме епилогот од оваа трансфер приказна.
#DiegoCosta is getting closer to #ACMilan
Jorge Mendes is working for total agreement btw #Chelsea and ACMilan. Talks ongoing. @SkySport pic.twitter.com/71z621Jc4u— Angelo Mangiante (@angelomangiante) August 1, 2017