Илија Несторовски не го дочека повикот кој сигурно толку многу го посакуваше – да се врати во Палермо каде што помина прекрасни години и да игра за Македонија против европскиот шампион.
Селекторот Благоја Милевски се одлучи да не го повика Нестор поради малата минутажа во Удинезе после враќањето од повредата, напаѓачот за Удинезе има само 13 минути во официјалните натпревари во оваа година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Патот до Светското првенство ќе биде тежок, ќе играме против европскиот шампион Италија, но на еден меч можете да дојдете до пролженија, да играте пенали…а таму ништо не се знае. Во последните години покажавме дека имаме квалитет. Лошо е што ќе бидеме без Елмас, но тука се играчи како Барди, Адеми, Ристовски, Трајковски кој играше со мене во Палермо и добро го познава стадионот“.
„Видов дека стадионот ќе биде исполнет до последното место, сигурно тоа ќе биде потстрек за Италијанците, но изгледа дека во ФИГЦ заборавија дека Трајковски исто како и јас го познава тој терен. Ние веќе ја запревме Италија во 2017 година на нејзин терен, а тогаш не се пласираа на Мундијалот во Русија“, изјави Несторовски.
Тој натпревар кој го спомена Несторовски заврши 1:1, а голот го постигна токму Трајковски.