Дома Македонски спорт Мак фудбал Несторовски ветува: Гибралтар ќе го победиме за Пандев!

Несторовски ветува: Гибралтар ќе го победиме за Пандев!

Македонија вчера го победи Лихтенштајн со 0:2 и така стигнавме на чекор од пласман во плејофот од Лигата на Нации.

На нашите фудбалери им недостасува само бод во последното коло за обезбедување на првата позиција. Во последното коло во Скопје гостува Гибралтар, а за овој натпревар селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета Горан Пандев.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Пандев натпреварот против Гибралтарците ќе го пропушти поради жолти картони, а Несторовски најави победа во чест на капитенот.

„Блиску сме до првата позиција. На ред е натпреварот против Гибралтар. Против Лихтенштајн беше тешко се додека не постигнавме гол. Заслуживме да победиме и знаеме дека со победа во следниот натпревар ќе бидеме први на табелата. Пандев нема да игра, без него секогаш е потешко, но ќе победиме токму за него“, изјави Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…