Членовите на Интер имале конфликт со судијата Маурицио Мариани во соблекувалната после завршувањето на дербито со Јувентус.




Изгледаше дека актуелниот шампион ќе дојде до победа против големиот ривал, но „старата дама“ во финишот дојде до изедначување.




Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Судијата после прегледувањето на ВАР досуди пенал за гостите иако домаќините жестоко протестираа, а Дибала израмни на 1:1.




Тренерот Инзаги и раководството беа незадоволни од одлуката на судијата, па барале објаснување од него во соблекувалната.




Тренерот на домаќините, Симоне Инзаги поради протестирањето заработи и црвен картон, па после мечот го обвини судијата дека им ја одзел победата.