Дома Фудбал Италија „Нероаѕури“, седнете пред да прочитате: Мурињо на состанок со Марота!

„Нероаѕури“, седнете пред да прочитате: Мурињо на состанок со Марота!

mourinho

Голем број италијански медиуми вчеравечер пренесуваа вест за средба на спортскиот директор на Интер Џузепе Марота и Жозе Мурињо.

Мурињо неодамна ја заврши својата авантура во Манчестер Јунајтед и многу брзо може да пронајде нов ангажман – во Интер!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


На „Чизмата“ се пишува дека Мурињо и Марота денес ќе имаат состанок. Причините не се наведуваат меѓутоа јасно е за што се работи.

Лучијано Спалети полека ја губи довербата поради лошите резултати и никој не верува дека може уште долго да се задржи во Милано. Со Интер се поврзуваше Антонио Конте, меѓутоа од вчера фаворит за клупата на „нероаѕурите“ е Мурињо.

Доколку Мурињо седне на клупата на Интер тоа ќе биде негов втор мандат во клубот со кој во 2010 година освои се што може да се освои: Лига на шампиони, Серија А и Куп на Италија.

Нема сомневање дека навивачите со задоволство ќе го прифатат, а дека Жозе се уште е поврзан со Интер покажа кога во Лигата на шампионите оваа сезона кога со Јунајтед го победи Јувентус и ги провоцираше навивачите на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…