Дома Фудбал Нереални бројки на Дани Олмо! „Секој натпревар нуди нешто посебно“

Нереални бројки на Дани Олмо! „Секој натпревар нуди нешто посебно“

Шпанска Марка го анализираше нереалниот настап на шпанскиот репрезентативец оваа сезона.

Барселона игра одлично оваа сезона, над сите очекувања. Нивната највпечатлива победа беше онаа во Ел Класико, кога среде Мадрид го совладаа најголемиот ривал Реал со 4:0.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во Лигата на шампионите, Каталонците имаат две победи, против Јанг Бојс (5:0) и Баерн (4:1), пред да бидат поразени во Монако (1:2). Во Ла Лига води тимот на Ханси Флик со дури девет бода повеќе од Реал (со натпревар повеќе).

Шпанска Марка го анализираше учинокот на еден играч, кој се покажа како најголемото засилување оваа сезона. Станува збор за Дани Олмо кој летово пристигна од германски Лајпциг.

Олмо повторно беше стартер на натпреварот против Еспањол, во градското дерби и во победата на неговиот тим од 3:1, учествуваше со два постигнати гола.

„Никој не сметаше на тоа, не го понуди тоа во минатите клубови. Тој им нуди на навивачите нешто посебно на секој натпревар. Тоа што го прави на натпреварите е доволно да ве натера да му аплаудирате цело време“.

Олмо постигна пет гола на пет натпревари во Ла Лига за Барселона. Постигнуваше голови на секој натпревар на кој играше барем половина, а не постигна гол само против Реал за 25 одиграни минути.

Марка наведува и дека „На Олмо му треба најмалку една минута за да постигне гол во конкуренција на сите играчи од петте најсилни европски лиги“.

Шпанецот постигна пет гола од вкупно 13 удари, од кои седум беа во рамките на голот. Само еден негов обид беше сопрен од противничкиот голман.

Со други зборови, Олмо постигнува гол во просек на секои 54 минути. Меѓу сите играчи во најдобрите пет лиги кои одиграле минимум 250 минути, нема играч на кој му треба помалку за да постигне гол. Следен на таа листа е првотимецот на Виљареал, Ајозе Перез, со гол на секои 62 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пристигна веста која ќе ги израдува сите навивачи на Арсенал

Капитенот на Арсенал, Мартин Oдегард конечно се опорави од повредата и се врати со остаток…