Барселона не планира во јануари да се раздели со чилеанскиот играч за врска, Артуро Видал, за кој силен интерес покажува Интер.
Ова го потврди претседателот на Каталонците, Жосеп Бартомеу и тоа пред натпреварот со Интер во Лигата на шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Видал добива мала минутажа оваа сезона, па медиумите шпекулираа дека сака да се врати во Италија и повторно да соработува со Конте.
„Не очекуваме ниту еден важен фудбалер да не напушти во јануари. Располагаме со балансиран тим, во кој не ни недостасува ништо, но не можеме да дозволиме да изгубиме некого. Неколку пати ни се случило некој фудбалер да побара да биде продаден,но тоа никогаш не се случило во јануари“, изјави Бартомеу.