Дома Фудбал Англија Нема стоп за Венгер: Уште сум отворен за нови играчи

Нема стоп за Венгер: Уште сум отворен за нови играчи

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер истакна дека „Топчиите“ и натаму се отворени за нови засилувања.

„Постојат два начини да го подобирме тимот, првиот е да анализираме што не сме работеле добро и заедно да се подобриме, а вториот начин е да донесеме нови играчи. Се уште сме отворени за засилувања“, истакна Венгер.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Французинот додаде дека Арсенал мора да ја задржи рамнотежата во тимот за екипата да не се дестабилизира со доведувањето на нови играчи.

„Многу сме активни на трансфер пазарот, донесовме две засилувања. Мораме да ја одржиме рамнотежата и да не носиме во тимот премногу играчи“, заклучи Венгер.

Во Арсенал ова лето досега пристигнаа Сеад Колашинац и францускиот напаѓач, Александар Лаказет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дом на европски гигант уништен: Некогаш чекаше дуели од ЛШ, а денеска е – депонија (Видео)

Некои легендарни стадиони станаа оставени сами на себе. А тоа обично значи целосно пропаѓа…