Германскиот тренер Јирген Клоп ја отфрли можноста тој да стане селектор на Соединетите Американски Држави.
Во текот на денот, се дозна дека челниците на ФА на САД го контактирале Клоп откако во средата го отпуштија тренерот Грег Берхалтер по дебаклот на Копа Америка.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сепак, новинарот на Атлетик, Дејвид Орнштајн, извести дека ништо нема да излезе од тоа и поранешниот тренер на Ливерпул не сака да работи во овој момент.
Да потсетиме, тој го напушти кормилото на „Црвените“ по девет години работа.
Спортскиот директор на американската федерација Мет Крокер изјави дека процесот на потрага по нов тренер е веќе започнат и дека желба на сите е до септември да се најде наследникот на Берхалтер.
Соединетите Американски Држави се домаќини на следното Светско првенство во 2026 година, каде ќе го организираат турнирот заедно со Канада и Мексико.