Пари имаат, но мир никако, француските медиуми денес пишуваат за нови проблеми во ПСЖ…
Овој пат не е Нејмар во центарот на вниманието туку Едисон Кавани и Хавиер Пасторе кои доцнеле на тренинзите после новогодишните празници.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кавани задоцнил два пати, Пасторе дури пет! Иако Аргентинецот барем има оправдување, тој сака по секоја цена да го напушти „Паркот на принцовите“ па не е невозможно на овој начин да се обиде да ја примора управата да му дозволи да замине.
Кога Кавани е во прашање неговите агенти и понатаму тврдат дека тој го известил клубот дека ќе задоцни, но според медиумите тоа се само обиди да ја смират јавноста.
Капитенот Тиаго Силва не криеше дека е лут поради ваквите случувања.
„Ова се важни моменти за клубот, а ова што Кавани и Пасторе го направија не е добро за екипата. Треба добро да размислат за своите постапки“, директен беше Силва кој беше прилично отворен и кога официјално кажа дека Пасторе побарал дозвола да го напушти клубот.