Дома Фудбал Лига на шампиони Нема да има италијански судии во европските купови

Нема да има италијански судии во европските купови

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) излезе со вонредно соопштение во кое објави дека италијански судии нема да бидат делегирани за мечевите во Лигата на шампиони и во Лига Европа што се закажани за наредната недела.

Ваквата одлука од европската фудбалска централа ја образложуваат со епидемијата на коронавирус кој најсилно ја погоди Италија од државите во Европа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Забраната, најверојатно ќе се однесува и за натпреварите што ќе играат по десет дена, а се уште нема одлука дали мечот помеѓу Јувентус и Лион ќе се игра во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Косово во исчекување на историска ноќ: Фудбалерот што ќе го постигне победничкиот гол ќе добие награда за помнење

Косово во вторник игра најголем натпревар во својата историја. Во Приштина пристига Турциј…