Осминафиналето во ЛШ започна, одиграни се четири натпревари, или подобро кажано, комплетиран е првиот квартал од оваа рунда.
Во вторникот Сити го демолираше Базел со 4:0, Тотенхем и Јуве одиграа 2:2 во Торино, а синоќа на програмата беа уште два натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид на домашен терен го порази ПСЖ со 3:1, додека Ливерпул практично го разби Порто и од Португалија се враќа со пет голови преднос.
Натпреварот на Драгао го одбележа Садио Мане со постигнати три погодоци, додека две асистенции запиша Џејмс Милнер.
Поранешниот фудбалер на Астон Вила и Манчестер Сити е најдобар асистент во досегашниот дел од натпреварувањето со шест асистенции, а по четири асистенции имаат Деле Али и Де Брујне.