
Поранешната НБА ѕвезда и поранешен кошаркар на Детроит, Чикаго, Шарлот и Орландо се почесто се наоѓа на насловните страни на црната хроника.
Станува збор за Бен Гордон кој има 34 години и пред две години стави крај на кариерата. Кошаркарот за кој тврдеа дека може да биде НБА легенда го допре дното и на никого не му е јасно што му се случи.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Американските медиуми пренесуваат дека Гордон направил тешка кражба со ладно оружје поради што завршил во затвор од каде што беше пуштен со кауција од 50.000 долари.
Гордон прво го удрил сопственикот на заградата, потоа му се заканувал со нож и му ги одземал парите кои претходно му ги дал за станарина.
Пред само неколку дена Гордон на Менхетен беше уапсен поради возење на автомобил кој имаше лажни таблици, а во октомври требаше да се појави на психијатриско вештачење поради инцидентот во кој нападна една жена.
Во април минатата година во Лос Анџелес беше уапсен откако во својот стан без причина ги активирал пожарните аларми.
Ex-NBA player Ben Gordon reportedly arrested again, this time for felony robbery in Los Angeles https://t.co/979ebU9esO pic.twitter.com/XfdOuCq4nT
— NY Daily News Sports (@NYDNSports) November 28, 2017