Дома Фудбал Репрезентации Нека биде среќата на наша страна: Денес ќе дознаеме дали ќе бркаме ЕП 2020 во Скопје

Нека биде среќата на наша страна: Денес ќе дознаеме дали ќе бркаме ЕП 2020 во Скопје

Денес во 12:00 часот УЕФА ќе ја одржи ждрепката за Лигата на Нации.

На ждрепката ќе биде одлучено кој ќе биде домаќин на финалниот натпревар. Поради подобриот ранкинг во лигата Д ние добивме право да бидеме домаќини во полуфиналето каде што ќе играме против Косово на 26-ти март.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ние денес ќе држиме среќа и ќе се надеваме дека ќе добиме прилика и финалето да го играме дома, секако ако го елиминираме Косово. Финалето е закажано за 31-ви март.

Можеме само да замислиме каква ќе биде еуфоријата ако Македонија на свој терен обезбеди пласман на Европското првенство наредното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Капело: Не можев да заспијам цела ноќ, ова е најголемата трагедија во историјата на Италија

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, како и повеќето Италијанци, е во шок. Видно …