Дефанзивецот на Лацио Стефан де Вриј од следната сезона ќе настапува во дресот на Интер, а во последното коло токму Лацио и Интер на „Олимпико“ ќе одлучуваат кој ќе игра во ЛШ следната година.
Токму пред мечот на одлука помеѓу Лацио и Интер беше потврден трансферот на Де Вриј на „Џезепе Меаца“, па навивачите на римскиот клуб сметаат дека Холанѓанецот не смее да игра на тој натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина се сомневаат во неговата професионалност и сметаат дека може да му „помогне“ на својот иден клуб следната година да игра во Лигата на шампиони.
Меѓутоа, челниците на Лацио и тренерот Инзаги веруваат во неговиот професионализам и најверојатно Де Вриј ќе биде во стартниот состав.
Навистина незгодна ситуација која може додатно да „зоврие“ доколку Холанѓанецот направи „кикс“ на тој меч.