Вчерашната разврска во групата Д во Лигата на шампионите беше и тоа како драматична, Тотенхем со гол во 95. минута го победи Марсеј и го освои првото место. За Марсеј пак тој гол значеше дека остануваат и без Лигата на Европа.
Реми фудбалерите на Марсеј ќе ги одведеше во Лигата на Европа како третопласирани, но со поразот останаа последни. Интересно е што фудбалерите на францускиот тим не знаеле дека нерешениот резултат им е доволен да одат во Лигата на Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знаевме ништо на теренот“, призна Шансе Мбемба кој го постигна голот со кој Марсеј поведе на 1:0.
„Луѓето од клупата знаеле, но немаше добра комуникација. Сакавме да притискаме до самиот крај, не знаевме бидејќи не можевме да слушнеме ништо што ни зборуваа“, додаде Мбемба.
Игор Тудор во последните моменти бараше од играчите да се вратат и да не пристискаа.
„Не слушаа што им кажував, премногу бучно беше на стадионот. Им веле да не тргнуваат сите напред, но ете не ме слушнааа. Настана конфузија во тие последни моменти“, изјави Тудор.