Дома Топ вести НЕВЕРОЈАТНО: ПСЖ спремен да плати 100 милиони за голман?!

НЕВЕРОЈАТНО: ПСЖ спремен да плати 100 милиони за голман?!

Клубот од Париз е спремен да го собори светскиот рекорд и тоа за голман.

Фудбалскиот клуб ПСЖ ќе се обиде ова лето да го доведе голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Како што екслузивно пренесува порталот „Goal.com“, ПСЖ е спремен да плати неверојатни 100 милиони евра за неговиот потпис, колку што изнесува неговата откупна клазула.

Облак во претходните месеци се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и Челзи, но ПСЖ во овој момент изгледа како најсериозен кандидат да го доведе во своите редови.

Атлетико Мадрид успеа да го задржи Антоан Гризман кој неодамна го продолжи договорот, но прашање е дали истото ќе успее да го направи и со Словенецот.

Облак веќе три години брани на високо ниво и е еден од најдобрите голмани во Европа. Секако, доколку ПСЖ ја плати калзулата и го доведе Облак ќе стане најскапо платениот голман во историјата.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алфонсо Дејвис доаѓа во Мадрид како Мбапе

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…