Бурно е на островот.
Фудбалскиот клуб Саутемптон побара од ФА да го испита Ливерпул поради непримерниот и нелегалниот обид да го доведе Вергилиј ван Дајк.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Саутемптон смета дека Ливерпул на илегален начин ги започнал предговорите, зад грбот на клубот. Наводно, Ливерпул не имаше право да преговара, а камоли да постигне договор со Ван Дајл пред да контактира со Саутемптон и испрати официјална понуда.
Јирген Клоп јасно одреди дека Ван Дајк е првата летна желба, Ливерпул е подготвен да плати рекордни 70 милиони евра за неговиот трансфер, но сега Саутемптон ја комплетира ситуацијата.
Обложувалниците вчера ја блокираа квотата за неговиот трансфер во Ливерпул, а тоа јасно значи дека договорот практично е потпишан, но Саутемптон сака да ја добие правдата, поради нелегалниот обид на „Црвените“ да дојдат до играчот.
Проблемот е тоа што Ван Дајк веќе постигна петгодишен договор со Ливерпул, каде што неделно ќе заработува по 180,000 фунти, а Саутемптон со тоа не беше воодушевен.
Во текот на денот се очекува расплет на ситуацијата.