Баерн во сабота од 18:30 часот го пречекува актуелниот шампион Баер Леверкузен.
Минатата сезона Баер Леверкузен стави крај на импресивната 11-годишна доминација на Баерн Минхен. Но, оваа сезона Баерн сега предводен од Винсент Компани повторно доминира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За големото дерби против Леверкузен, Баерн би можел да ја наполни Алијанц Арената дури пет пати.
Според Кикер, веќе на 25 јули, два месеци пред натпреварот, Баерн морал да го затвори порталот за билети откако добил 351.000 барања за билети, многу повеќе отколку за другите домашни натпревари.
Иако минатата сезона сличен интерес имаше за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите против Арсенал и Реал Мадрид, во Бундес лигата оваа бројка обично се движи околу 200.000, што сепак е бројка за која многу други бундеслигашки клубови можат само да сонуваат.